Мајкл Даглас открива како го спасил бракот со Кетрин Зита-Џонс
- Детали
- четврток, 28 јануари 2016
Мајкл Даглас и Кетрин Кетрин Зита-Џонс минувале низ тежок период во нивниот брак откако се венчаа пред 16 години. Сега актерот открива како успеале да го спасат бракот.
Мајкл Даглас открива дека нивната врска е посилна од било кога и благодарение на што успеале да го спасат својот брак.
„Потребна беше работа и од двете страни“ - вели Даглас.
71-годишниот актер и неговата сопруга се венчаа во 2000-та година, но кратко се раздвоија во 2013-та година како резултат на преживеаниот стрес од ракот на актерот и биполарното растројство на актерката.
За време на едно интервју, Даглас открива како успеале да ја одржат врската: „Мислам дека не постои можност да се поправи една врска, ако едниот веќе се откажал. Сега мислам дека и двајцата сме помудри и понежни. Тоа доаѓа природно со времето“.
Мајкл исто така, се отворил и за односот со своите деца. Тој вели дека бил посветен родител на двете помлади деца од овој брак, но се кае што не посветил доволно внимание на најстариот син кој моментално е во затвор.
„Кога цело време си исполнет со обврски, не мислиш на многу работи, освен на реалноста која е директно пред тебе“ - признава тој.
Неговиот 37-годишен син е во затвор уште од 2010-та година поради проблеми со дрогата, а ќе остане таму до 2018-та година.
„Сега го гледам двапати месечно, бидејќи е поблиску до нас“.
Во меѓувреме, гледа да помине што е можно повеќе време со најмладите, додека има можност да го прави тоа.
„Поминаа 5 години и сè уште се чувствувам добро. Сега знам како да ги ценам работите во животот. Мотивиран сум и поодговорен. Моите деца можат да ми бидат внуци. Сакам да бидам тука за нив“ - заклучува тој.
Н. Г. | Црнобело