Дали Кендал Џенер и Кристијано Роналдо ќе станат новата најзгодна двојка?
- Детали
- четврток, 28 јануари 2016
Кендал Џенер признала дека би отишла на состанок со Кристијано Роналдо по интересот кој тој го покажал за неа.
Славната манекенка му признала на еден од своите пријатели дека е поласкана што португалскиот фудбалер ставил лајк на една од нејзините слики на Инстаграм, а еден хрватски фан успеал да го улови моментот кога Кристијано го направил тоа.
Така прекрасната Џенер ја зголеми можноста да го запознае Роналдо, можеби дури и за време на нејзината посета на Барселона на 28-ми јануари.
Таа во моментов е во врска со поранешниот пејач на „One Direction“, но според тврдењата не станува збор за многу сериозна врска.
Изворот на целата приказна изјавил: „Кендал беше целосно поласкана што тој ѝ стави лајк на Инстаграм. Таа, како и сите нејзини сестри, смета дека Кристијано е прекрасен. Доколку тој ја покани на состанок таа ќе прифати без никакво двоумење“.
„Сепак ова не значи дека работите меѓу неа и Хари се завршени. Таа едноставно сака да ужива и да не не ги сфаќа работите премногу сериозно“ – додал тој.
М. С. | Црнобело