Колку чини еден целосен изглед за на црвениот тепих?
- Детали
- сабота, 30 јануари 2016
Во исчекување на доделување на Оскарите и Греми наградите, наредните неколку недели постојано ќе се зборува за најубавите, но и најшокантните изданија на познатите дами и господа на црвениот тепих.
Магазинот New York Post анализирал колку пари потрошиле познатите дами за својот изглед на доделувањето на Златните глобуси.
Станува збор за 44.000 долари, од кои некои работи ги добиле бесплатно.
1. Фустан
Фустанот, секако дека е гратис. Затоа секоја дама секогаш кажува кој е заслужен за нејзиниот изглед – за да го испромовира брендот. За секој бренд е од голема значајност ако неговиот фустан го носи некоја од номинираните актерки или потенцијални добитнички на златната статуа. Секако, фустанот е позајмен, но има и некои кои ги добиле како подарок од дизајнерите.
2. Стилист
Стилистите наплаќаат околу 1.500 долари дневно за недела дена подготовки пред манифестацијата. Често се случува филмот – т.е. продукцијата да го плати стилистот ако филмот е меѓу номинираните. Стилистите всушност го работат најважниот дел од работата. Тие преговараат со дизајнерите околу што ќе носи ѕвездата, тие ги одбираат материјалите и сѐ останато. Затоа тие подготовки траат со денови.
3. Кројач
Кројачите чинат околу 2.500 долари. Тие најчесто се испратени од страна на дизајнерите за да ги земат потребните мерки или да го прилагодат фустанот. Ако дизајнерот не е од Америка, патните трошоци се на сметка на самата дизајнерска куќа, бидејќи се смета дека така дизајнерот се рекламира.
4. Накит
Накитот е бесплатен и тој функционира исто како фустанот. Најчесто е позајмен, но ѕвездата мора да го промовира и спомне во интервјуата на црвениот тепих. Она што се плаќа е осигурувањето за накитот бидејќи познатите најчесто ги носат најскапоцените дијамантски парчиња. Осигурувањето чини 20.000 долари.
5. Фризура
Фризерот кој ја работел ланската фризура на Џенифер Анистон и Џулијан Мур има дневница од 2.000 долари. Самата фризура чини 6.000 долари заедно со просечните припреми и тестирања на фризурата и плус завршната вечер и подготовките за неа, кои траат околу 3 дена.
6. Шминка
Шминката чини 5.000 долари. За шминката стручњаците наплатуваат околу 1.500 долари на час. Доволно е да се каже дека се троши еден час минимум на подготовка на тенот за излегување пред рефлектори. И секако ноктите, кои чинат околу 300 долари.
С. С. | Црнобело