„Како да носи евтини декорации за елка на нозете“ – Џулија Робертс исмејана заради чевлите со кои се појави на настан
- Детали
- сабота, 02 декември 2023
„Како да ставила евтина декорација за елка на нозете“ – пишуваат светските медиуми во написите, каде се исмеваат празничните чевли што Џулија Робертс ги носеше на претпремиерата на нејзиниот најнов филм.
Џулија Робертс во средата (29.11) се појави на претпремиерата на нејзиниот најнов филм Leave the World Behind, а ниту студеното време не јa спречи да се појави во смело издание, инспирирано од предновогодишните и божиќните празници.
Таа на себе носеше кратки панталони и сако од под кое ѕиркаше црн градник од тантела. Но, она што на сите им остави впечаток беа чевлите што ги избрала за оваа пригода.
Убавата актерка се појави во чевли на Gucci со синџирчиња со кристали, кои би требало да потсетуваат на кристалните чевлички на Пепелашка, но на нозете на Џулија, според Page Six наликуваа на евтини светкави декорации на нозете.
„Овие чевли се одвратни“;
„Што носиш на нозете?“ – ја прашуваат твитерџиите во коментари, а некои ѝ забележаа и на промената на фризурата, која воопшто не им се допадна.
Актерката одлучи седата коса да ја покрие со црвена боја и на настанот се појави со шишки и брановидна коса.
Погледнете повеќе фотографии од Џулија во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело