„Мисла“ на денот: Резолуцијата на Кајли Џенер за 2016-та (видео)
- Детали
- понеделник, 18 јануари 2016
Кајли Џенер никогаш не ги пропушта приликите малку да не насмее со своите изјави, а овојпат тоа го направи со видеото кое го објави за својата резолуција за 2016-та година.
На Кајли доволни и беа буквално 30 секунди за да ја најави својата резолуција за 2016-та година.
Таа оваа година, како што самата вели, сака да ја посвети на „разбирање на работите“.
„Здраво на сите. Само сакав да одговорам на неколку прашања за 2016-та година. Чувствувам дека секоја година има некоја нова енергија. И ми се чини дека оваа година ќе биде година на сфаќање на работите. Сите околу мене, едноставно сфаќаат нешто. 2016-та година изгледа добро“ – признава Кајли.
Н. Г. | Црнобело