Мадона легна на сцена од тага додека ја пееше „Rebel Rebel“ на Дејвид Боуви (видео)
- Детали
- четврток, 14 јануари 2016
Мадона оддаде почит на својата инспирација, Дејвид Боуви, а за време на настапот легна на земја обземена од тагата.
57-годишната пејачка започна со пеење на песната „Rebel Rebel“ и за сето тоа време скока и танцува, но од преголема тага за вестите дека Дејвид Боуви ја загубил битката против ракот, на крајот од песната легна на сцената за да му одаде почит.
Paying Tribute to My Favorite Rebel.! In Houston‼️ Thank you!..........David Bowie. #rebelhearttour pic.twitter.com/9n3aQhOmpx
— Madonna (@Madonna) January 13, 2016
Претходно, на Твитер изјавила дека концертот на Дејвид Боуви бил еден од првите концерти на кои присуствувала, а тоа и го сменило животот.
Im Devastated! This great Artist changed my life! First concert i ever saw in Detroit! R.IP. #rebelheartpic.twitter.com/hGfxI967Bw
-->
-->
— Madonna (@Madonna) January 11, 2016
Како и многу други го потврдува она на што многумина би се согласите, Боуви беше талентиран музичар.
Talented . Unique. Genius. Game Changer. The Man who Fell to Earth. Your Spirit Lives on Forever! #rebelheartpic.twitter.com/k3k3lfL3Bv
-->
— Madonna (@Madonna) January 11, 2016
Објавила уште една ретро фотографија од нив двајца, велејќи дека е среќна што имала можност да го запознае.
So lucky to have met you!!!! Hot Tramp I love you So! #rebelheartpic.twitter.com/INKPRCeofK
— Madonna (@Madonna) January 11, 2016
Погледнете го нејзиниот емотивен настап:
Н. Г. | Црнобело