Смеа до солзи: Ченинг Татум и Бијонсе во Lip-Sync битка
- Детали
- петок, 08 јануари 2016
Ченинг Татум направи одлично шоу настапувајќи на сцената облечен како Елса од анимираниот филм „Frozen“, а потоа и со песната „Run The World“. На големо изненадување на публиката, му се приклучи и Бијонсе.
За почеток, публиката ја возбуди со својата комплетна трансформација за песната „Let It Go“ од анимираниот филм „Frozen“.
Потоа и со уште еден смешен перформанс на песната на Бијонсе.
35-годишниот Татум за неговиот перформанс на песната „Run The World“ облекол црн градник и долги чизми исто како што беше облечена и Бијонсе во нејзиниот видео спот од песната.
Ѕвездата од филмовите „Step Up“ и „Magic Mike“ воопшто не се срами да ги покаже своите таленти од кои дури и неговата сопруга ќе остане изненадена и шокирана.
Погледнете го целото видео и насмејте се до солзи:
Н. Г. | Црнобело