Осумгодишно дете растура на „Smooth criminal“ на Мајкл Џексон
- Детали
- четврток, 14 јануари 2016
Малиот Вили Азборн блесна во шоуто на Елен Деџенерис покажувајќи го својот супер талент.
Зборлестиот Вили започнал да танцува кога имал три години, а тоа успешно го прави пет години со настапи најчесто пред неговата куќа каде за него имаат поставено мала сцена.
Неговата приказна е фасцинантна со самиот факт што тој има само осум години, но уште поневеројатно е што тој никогаш не посетувал часoви по танц.
Тој вели дека неговата мајка била љубител на песните на Елвис Присли, Џејмс Браун, Мајкл Џексон и тоа допринело тој да биде изложен на звуците на овие артисти.
Малиот Вили го избрал Мајкл Џексон за свој омилен артист и ги гледал неговите настапи одново и одново за да може да го долови секој детаљ од неговата кореографија. Иако кореографиите на кралот на поп музиката му се омилени, феноменалниот Вили вешто умее да ги долови и кореографиите на други артисти.
Неговиот најголем успех досега е настапот на натпреварот „Аполо“, каде тој имал можност да танцува на истата сцена каде што танцувал и самиот Мајкл Џексон.
Доколку сакате неговиот настап да предизвика насмевка на вашето лице, видеото можете да го погледнете тука:
Н. Буџак | Црнобело