Мис Универзум: „Сè уште го прашувам мојот менаџер дали навистина победив“
- Детали
- вторник, 22 декември 2015
Мис на Филипини објаснува што точно мислела откако Стив Харви по грешка ја најави Мис Колумбија како Мис Универзум за 2015-та година.
Неколку минути откако Харви ја прогласи Ариадна Гутјерез од Колумбија како Мис Универзум, се врати на сцената за да каже дека погрешил, Мис Универзум е Пиа Алонзо од Филипините.
„Бев збунета. Не знаев што се случува. Не очекував дека ќе се случи сето ова“ – објаснува победничката на овој настан.
„Се двоумев дали да пристапам напред на бината, бидејќи не бев сигурна дека и тоа е само уште една грешка. Барав знаци од вработените, но и тие беа збунети“ – додава.
Мис на Филипините не била сигурна дека е победничка сè додека не и бил назначен менаџер кој ја потврдил информацијата.
ICYMI: Here's the card Steve Harvey got handed & announced Miss Colombia as the winner pic.twitter.com/VlGMms6mfl
-->
— Darren Rovell (@darrenrovell) December 21, 2015
„Морав да го прашам мојот менаџер неколкупати дали е грешка.... Навистина победив? Јас сум Мис Универзум?“ – објаснува Алонзо.
Мис Универзум за 2015-та сè уште не знае што да и каже на Мис Колумбија, па чека некој иден посталожен момент кога ќе може да и се извини за она што се случи на сцената.
Од друга страна пак, Мис Колумбија грациозно се соочи со ситуацијата велејќи дека „сè се случува со причина“.
A message from Miss Universe Colombia.
Posted by Miss Universe on Sunday, December 20, 2015