Ева Лонгорија се вери со Хозе Антонио Бастон (фото)
- Детали
- понеделник, 14 декември 2015
Ева Лонгорија, добро познатата актерка на ТВ серијата „Очајни домаќинки“, на 13-ти декември 2015-та година, преку својот Инстаграм профил со фотка изјави дека е верена за Хозе Антонио Бастон.
На фотографијата таа се бакнува со својот вереник и јасно може да се забележи прстенот на нејзината лева рака, иако истиот не е дијамант.
Под фотографијата, изјавува: „Ммммммм, па се случи и ова... #Engaged #Dubai #Happiness“.
Парот отпатувал во Дубаи за галата „Global Gift Foundation“ и токму тука се чини дека Бастон го поставил прашањето.
Тие се во врска веќе 2 години.
Лонгорија претходно беше во брак со кошаркарот Тони Паркер од 2007 до 2011-та година и актерот Тајлер Кристофер од 2002 до 2004-та година.