6 познати личности кои се ужасни примери за младите луѓе
- Детали
- четврток, 10 декември 2015
Велат „со голема моќ доаѓа и голема одговорност“. Јавните личности до одреден степен се гледаат како примери. Живееме во општество кое ги слави своите нови „богови“ познатите старлети, актери, пејачи и музичари.
Тинејџерките особено се под влијание на своите идоли, бидејќи се во фаза во која се обидуваат да се откријат себеси. Многу млади девојки водени од нивните омилени познати личности се стремат да бидат како нив.
Познатите личности понекогаш не се ни свесни колкава моќ имаат врз толпата.
Ова е листа на 6 познати личности кои се ужасни примери за младите луѓе:
1. Кортни Лав
Иако мора да е тешко да се биде вдовица со дете, Лав можела подобро да го живее својот живот. Таа на моменти беше толку надвор од контрола, а нејзината ќерка Френсис Бин не се ни сеќава на времето кога нејзината мајка не употребувала дроги и алкохол.
2. Памела Андерсон
Иако можеби не е повеќе во центарот на вниманието, Андерсон го започна трендот на „приватни видеа“. Таа е можеби крива и за популарноста на Ким Кардашијан која со помош на своите секс снимки стана популарна.
Памела Андерсон секогаш била жена која мажите ја сакале, а жените ја мразеле.
3. Амбер Роуз
Роуз стана позната по тоа што била во љубовни врски со познати рапери како Канје Вест. Во нејзината биографија може да се пофали со неколку музички спотови и настап во реално шоу.
4. Линдзи Лохан
Речиси десет години Линдзи Лохан има проболеми со законот. Таа има поминато добар дел од својот живот на условна казна и на рехабилитација. Лохан дури ги загуби филмските улоги поради својата репутација и неможноста да се контролира.
5. Мајли Сајрус
Некогаш позната како Хана Монтана, Мајли е предмет на контроверзии во изминатите неколку години. Постојат повеќе гласини дека често злоупотребува дрога и алкохол, поради што ги има откажано бројните концерти, а нема покажано многу каење за своите верни фанови.
6. Ким Кардашијан
После нејзината позната секс снимка со тогашниот дечко Реј Џеј, таа направи сопствено реално шоу. Ким навистина нема талент, но има направено многу работи за да остане популарна. Се има сликано за Плејбој, била во брак 72 дена, двапати се развела...
М. А. | Црнобело