Први фотки на Ким Кардашијан со новиот дечко - заедно си заминаа од Vanity Fair забавата
- Детали
- вторник, 12 март 2024
Ким Кардашијан за првпат беше фотографирана со 12 години помладиот дечко - наводно се криеле заради Канје. Кои детали се познати засега?
Ким Кардашијан (43) за првпат беше „уловена“ во јавност со рагби играчот Одел Бекам Џуниор (31), за кого подолго време има гласини дека е во тајна врска со реалити ѕвездата.
Ким и Одел беа фотографирани како заедно си заминуваат од забавата, придружувани од добрата пријателка на Ким, Трејси Ромулус која разговара на телефон на фотките.
Ким, која за оваа пригода избра бел фустан на Balenciaga, иако за време на забавата се дружеше со Линдзи Лохан, на крајот се откри дека била придружувана од рагбистот.
Според американските таблоиди, Ким и Одел почнале повремено да се гледаат во септември минатата година, а наводно биле забележани заедно и на неколку други забави на познатите.
Претходно тие беа фотографирани за време на Super Bowl викендот, но на фотографиите се држеа на растојание еден од друг.
Наводно, според изјави на блиски личности на Кардашијанс, Ким и Одел долго време ја кријат врската затоа што не знаеле како Канје ќе реагира.
Според други, пак, Ким не сака да избрзува со Одел, затоа што тој е 12 години помлад од неа и е мошне популарен, а имајќи ги предвид претходните искуства, не сака да си дозволи набрзина да влезе во врска со друг маж којшто би можел да ѝ ја уништи репутацијата.
„Одел е многу помлад, тој е спортист, доволно е само да ја погледнете историјата на сестра ѝ на Ким, Клои, за да сфатите зошто Кардашијанс се внимателни, иако Одел е сосема поразлична личност, тие ја предупредуваат Ким да не се посвети целосно на врската.
Таа ја крие љубовта затоа што сака сериозно да биде сфатена како бизнис жена и не може да ризикува друг маж да ѝ ја уништи репутацијата како Канје“ – пишува The Sun, повикувајќи се на сопствени извори.
За потсетување, по разводот со Канје, Ким кратко беше во врска со комичарот Пит Дејвидсон, но тие двајца се разделија затоа што немаа премногу време за врска.
Б. С. Б. | Црнобело