Девојката која последна ќе се појави гола на Playboy (фото)
- Детали
- понеделник, 07 декември 2015
Списанието Playboy откри кој ќе биде моделот кој ќе позира гола за последен пат – Кристи Герет е одбрана за Мис февруари 2016, последната девојка пред целосно да се редизајнира изгледот на ова добро познато списание.
Хју Хефнер во октомври изјави дека целосно ќе престанат да се појавуваат голи девојки во списанието по 60 години публикација.
Првиот модел кој позирал за каверот на легендарното списание била Мерилин Монро во декември 1953-та година, а првата девојка со централна статија и фотосесија е Мериен Стафорд во 1956-та година.
Герет ќе се појави на 12 страници. „Горда сум што ќе се појавам на Playboy. Ова е историја“ – вели таа.
„Тоа што ќе бидам последниот гол модел ме прави среќа и истовремено можам да заплачам“ – додава.