Најголемите настани во шоу бизнисот кои ја одбележаа 2015
6. Оскарот го добива.... Феминизмот!
Оваа година имаше многу одлични добитници на златната статуетка, но првото место го заземаа жените. Со нивните одлични силни говори покажаа дека актерките се многу повеќе од убаво облечени жени на црвениот тепих.
7. Сите ја сакаат Џиџи
Моделот за кој сите зборуваа оваа година, Џиџи Хадид. Сите дизајнери ја повикаа на нивните ревии, вклучувајќи ја и ревијата и на Victoria's Secret.
8. Џенифер Анистон се омажи
Венчавката на Џенифер и Џастин беше една од најисчекуваните и никој не мислеше дека тие ќе ја сокријат од јавноста. Гостите биле поканети на роденденска забава и биле изненадени со венчавка.
9. Бебе број 2 за Ким и Канје
После многу бурни реакции на јавноста за начинот на живеење на Ким за време на бременоста, таа го дочека своето второ дете.
10. Женската банда на Тејлор Свифт
Сите сакаа да бидат во оваа група, но само некои имаа можност да ја делат сцената со неа и да бидат во нејзиниот спот.
11. „Се роди“ Кејтлин Џенер
Оваа година Брус Џенер изјави дека ќе стане жена и се роди Кејтлин. Таа доби повеќе признанија и награди, а и нејзино ТВ шоу.
М. Д. | Црнобело