Најголемите настани во шоу бизнисот кои ја одбележаа 2015
- Детали
- понеделник, 07 декември 2015
Со новата принцеза, враќањето на Адел на сцената, драмите на Кејтлин Џенер и One Direction, 2015 беше возбудлива година.
Во случај да пропуштивте некое од случувањата, еве некои од најголемите приказни и случувања на познатите во изминативе 12 месеци:
1. Новата принцеза
Втора доза на слатка убавина од Кејт и Вилијам, малта принцеза Шарлот.
2. Hello, Адел
2015-та беше годината на големото враќање на Адел. Пејачката кога ги промовираше нејзината песна Hello и албумот 25, светот полуде!
3. 50 нијанси сиво - злато во Бокс Офисот
После многу шпекулации конечно ја видовме и филмската верзија на 50 нијанси сиво. Иако сите критичари не беа задоволни, филмот заработи и повеќе од доволно.
4. Во друга насока
Оваа година беше лоша за фановите на One Direction. Во март едниот член од групата си замина, бидејќи сакал да живее живот на нормален тинејџер.
А, доколку нормални тинејџери снимаат песни со Naughty boy и излегуваат со Џиџи Хадид, тогаш Зејн живее многу нормален живот!
5. Инста - познати
Оваа година на Инстаграм почнаа да доминираат некои од нашите омилени познати личности: Дејвид Бекам, Адел, Дакота Џонсон, Рејчел Билсон и Џастин Теру беа помеѓу новите корисници. Џенифер Анистон треба да е следна?
Уште 6 настани на следната страна...