Емилија Розман - девојката која ќе ја претставува Македонија на Мис на светот 2015
- Детали
- понеделник, 07 декември 2015
23-годишната Емилија Розман е одбрана за Мис на Македонија 2015 и ќе не претставува на 65-то издание на Мис на светот кој ќе се одржи на 19-ти декември во Саниа, Кина.
По една година паузирање, повторно имаме претставничка на Македонија за Мис на светот, а Розман ја презеде круната од Кристина Спасеноска.
На Мис на светот дебитиравме во 1996-та година кога настанот се одржуваше во Индија, а првиот делегат беше Вера Местеровиќ.
Емилија Розман моментално живее во Милано, Италија, а досега била активен член на Црвениот крст и како што самата вели на официјалната страна за Мис на светот, сака да биде дел од УНИЦЕФ и да може да им помага на децата ширум светот.