Адел повторно руши рекорди - продаде повеќе албуми од било кој пејач во една недела
- Детали
- вторник, 01 декември 2015
Адел продолжува со нејзината мисија да го освои светот со рушење на рекордот во најпродаван албум во Америка. Таа е првиот артист да продаде повеќе од 3 милиони копии во една недела.
Само после 3 дена таа успеа да го сруши предходниот рекорд на NSYNC во 2001 година за нивниот албум No Strings Attached. Не е ни чудо што истото се случува и на топ листите во Британија, продавајќи 800.307 копии само оваа недела и победувајќи го предходниот рекорд на Oasis со 696.000 копии.
Импресивно е што албумот 25 се продал повеќе од предходните деветнаесет албуми на топ 20 листата заедно и веќе двапати стана платинум албум.
Не е воопшто лошо за една недела работа...
М. Д. | Црнобело