Најсподелуваните Инстаграм фотографии за ноември 2015
- Детали
- петок, 27 ноември 2015
Од ангелите на Victoria's Secret до Блејк Лајвли и Викторија Бекам, на листата на најсподелувани фотографии на Инстаграм можете да најдете неколку инспиративни тематики.
На листата на најлајкувани фотографии за месец Ноември, направена според списанието Harper's Bazaar, се најдоа 6 хит фотографии кои можат да ви послужат како онлајн инспирација:
1. Време за топли џемпери
Стуткани покрај каминот со топол џемпер и прекривка. Таква е една од фотографиите која се најде на Инстаграм профилот на Алесандра Амбросио (@alessandraambrosio).
2. Позирање на врв на планини
Како Блејк да не е доволно добар поглед... (@blakelively)
3. Разговор со перницата
Селена Гомез (@selenagomez), Лејди Гага (@ladygaga) и Емили Ратајковски (@emrata) прават спиењето да изгледа како искушувачки грев.
4. Уметност на лицето
Кажете „Да“ на бојата и цртањео на лицето како италијанската блогерка Кјара Ферањи (@chiaraferragni) и Рита Ора (@ritaora).
5. Убавина во релаксирањето
Одмор со меурчиња по напорните денови како Џенуари Џонс (@januaryjones).
6. Забавно спремање со девојките
Како Тејлор Хил (@taylor_hill) која се подготвува со помош на Сара Сампаио (@sarasampaio).
М. Д. | Црнобело