Крис Џенер го прослави 60-от роденден со забава од 2 милиони долари, во стилот на Големиот Гетсби (фото)
- Детали
- недела, 08 ноември 2015
Крис Џенер на 5-ти ноември наполни 60 години, па по тој повод приреди спектакуларна забава за време на која таа беше женска варијанта на Големиот Гетсби.
Заедно со своите ќерки и голем број на холивудски ѕвезди, Крис го прослави роденденот во The Lot филмските студија во западен Холивуд.
Темата била ретро и гламурозна, во стилот на 1920-те, од времето на Големиот Гетсби, па сите гости соодветно го испочитувале дрес кодот.
Така, Клое и Кајли се облечени во фустани со дијаманти, Кендал носи краток фустан со реси, Кортни е облечена во смокинг, додека Ким одбрала Marchesa фустан во ретро гламурозен стил.
Танчарки, цветни декорации, балони, торта од чоколадо и злато... Ова е само дел од атмосферата на роденденската забава вредна 2 милиони долари: