Громогласно ракоплескање за искрениот говор на ѕвездата на „Како ја запознав мајка ви“
- Детали
- понеделник, 02 ноември 2015
Ѕвездата на добро познатата ТВ серија „Како ја запознав мајка ви“, Џош Раднор, неодамна се појави на INKtalks во Индија и зборуваше за тоа какви лекции научил од славата и како истата го променила како личност.
„Верував дека со доаѓањето на славата ќе станам посреќен, но се случи најчудната работа, како што шоуто стануваше сè поуспешно, така јас станував сè подепресивен“ – изјавил Раднор.
Токму таа депресија го натерала да се анализира себеси, па во неговиот настап, тој зборува за неговите цели (да се труди да не стане нарцисоиден, зависник од дрога или алкохоличар), но и за различните видови на слава.
„Мислам дека е важно да се запрашаме, како се прикажуваме? Каква енергија зрачиме и како другите гледаат на нас?“ – продолжува.
Понатаму продолжува да зборува за тоа какво е потенцијалното влијание на славните и како нивното однесување може да стане „заразно“ – секој збор, секое дејство, секој Фејсбук пост или Твит.
Зошто на крајот доби громогласно ракоплсекање?