Бизарната трансформација на Кети Прајс: По 16 операции, ќе ги намалува градите, откако откри дека банкротира

Поранешниот модел Кети Прајс изјави дека по 16 операции за зголемување, сега ќе ги намалува градите. Во меѓувреме, таа вторпат банкротира и сега би можела да ја загуби нејзината куќа.

bizarnata-transformacija-na-keti-prajs-po-16-operacii-kje-gi-namaluva-gradite-otkako-otkri-deka-bankrotira01.jpg

Кон крајот на 1990-тите и почетокот на 2000-тите, Кети Прајс беше еден од најпопуларните британски модели.

Се проба и како водителка и пејачка, а учествуваше и во некои британски реални шоуа, па успеа брзо да се пробие во родната Англија.

Но, сега 45-годишната Кети е непрепознатлива од бројните пластични операции, а минатиот месец откри дека банкротирала, и тоа вторпат.

bizarnata-transformacija-na-keti-prajs-po-16-operacii-kje-gi-namaluva-gradite-otkako-otkri-deka-bankrotira-5.jpg

Покрај многуте корекции на лицето, Кети има направено дури 16 операции на градите.

Пред околу една година, Кети изјави дека сака да ги има најголемите гради во Англија, по што ја направи 16-тата операција за зголемување.

На социјалните мрежи, бројни фанови ја предупредуваа дека си го ризикува здравјето за бизарна цел, а многумина и ја исмејуваа за изгледот.

bizarnata-transformacija-na-keti-prajs-po-16-operacii-kje-gi-namaluva-gradite-otkako-otkri-deka-bankrotira-02.jpg

И, ова ја натерало да направи уште една операција на градите, но овој пат за да ги намали.

„Ќе ги смалам градите и ќе бидам здрава како порано. Се хранам здраво и нема да ставам ништо лошо во моето тело.

Одлучив да ги намалам градите бидејќи навистина прават да изгледам поголемо и веќе разговарав со хирургот“, вели поранешниот модел за The Sun.

Пред некоја година, Кети изјави дека направила липосукција на целото тело, корекција на очите и усните, како и липосукција на подбрадокот.

Истовремено, направила лифтинг на задникот и откри дека се чувствувала како чудовиште од многуте операции.

bizarnata-transformacija-na-keti-prajs-po-16-operacii-kje-gi-namaluva-gradite-otkako-otkri-deka-bankrotira-06.jpg

Но, и покрај ова, таа не престана со операциите.

Откако, пак, ја направи последната операција на градите, во забавен парк не ѝ било дозволено да се качи на ролеркостер бидејќи не можеле да ѝ го врзат безбедносниот појас.

Кети не е критикувана само од јавноста, туку и од мајка ѝ.

„Ако ме прашувате мене, нејзините гади изгледаат смешно. Не сакам да прави никакви операции и дури и јас ѝ откажав неколку.

Но, оттогаш не ми кажува кога планира да се оперира“, изјави мајка ѝ Ејми во интервју.

bizarnata-transformacija-na-keti-prajs-po-16-operacii-kje-gi-namaluva-gradite-otkako-otkri-deka-bankrotira-04.jpgКети Прајс пред пластичните операции

Според неа, Кети има телесна дисморфија, односно психичко нарушување поради кое постојано е загрижена за изгледот на телото и постојано сака да промени нешто.

Истовремено, Кети моментално се соочува и со банкрот бидејќи немала платено даноци во вредност од над 750.000 евра.

И, ова не е првпат да банкротира.

bizarnata-transformacija-na-keti-prajs-po-16-operacii-kje-gi-namaluva-gradite-otkako-otkri-deka-bankrotira-03.jpg

Во 2019-та, таа откри дека имала долг од над 3 милиони евра и прогласи банкрот. Тој период Кети имаше компанија за парфеми и козметика која пропадна.

Овој пат, Кети би можела да ја изгуби нејзината куќа, а наводно не се појавила на суд во врска со неплатените даноци.

Повеќ ефотки од Кети Прајс на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Вирална фотка од Орландо Блум како зјапа во задникот на Ким Кардашијан – свршеницата стои до него, н... На вирална фотка од гала свеченост, се гледа како Орландо Блум зјапа во задникот...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Никој не е совршен: Ќерката на Хајди Клум мачи мака со акните, а е меѓу најбараните млади модели Лени, ќерката на Хајди Клум, објави фотографија без шминка и покажа дека иако е ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg