Најдобрата маска за Ноќта на вештерките: Хајди Клум како Џесика Ребит
- Детали
- понеделник, 02 ноември 2015
Хајди Клум можеме слободно да ја прогласиме како кралица на Ноќта на вештерките без никаква конкуренција.
Додека повеќето познати личности едноставно купиле некаква маска и на себе ставиле некаква перика, Хајди Клум претставува совршена копија на Џесика Ребит.
Кога велиме совршена копија мислиме на целосно додадена протетика до најситните детали како и перфектно нанесена шминка.
Со сигурност нема да можете да ја препознаете Хајди Клум, туку веројатно ќе бидете убедени дека ова е некаков паралелен универзум, во кој Џесика Ребит повеќе не е само анимација.
На својот Инстаграм профил, таа објави и неколку видеа во кои ја прикажува својата трансформација: