Кој ќе биде новиот Victoria's Secret модел?
- Детали
- петок, 30 октомври 2015
Речиси секоја девојка сонува да биде дел од магијата на шоуто на Victoria’s Secret кое се одржува еднаш годишно, а за секое шоу постојано има кастинзи чии судии се главните креатори кои одлучуваат на која девојка ќе и се оствари сонот.
Овој пат, соништата ќе се остварат на уште еден добро познат модел – Џиџи Хадид.
Добро познатата компанија за долна облека објави видео на својот Твитер во кое покажа кој ќе биде следниот Victoria’s Secret модел.
Во краткото видео Џиџи, облечена во црна едноставна долна облека, се движи на импровизираната писта за да видат судиите дали треба да биде дел од овогодинешното шоу.
Еден од судиите Ед Разек ја прашува: „Што правиш на 9-ти и 10-ти ноември?“
„Не знам“ – вели Џиџи, по што следуваат солзи радосници затоа што сонот кој го има уште како малечка штотуку и се оствари...
По ова видео и самата Џиџи објави фотографија од среќниот момент: „Не можев да ги сокријам солзите. Секој што пораснал со мене знае дека ова шоу ми беше сон отсекогаш. Ова е еден од најсреќните моменти во мојот живот.“
We ❤️ surprises so here’s a BIG one for @GiGiHadid at the #VSFashionShow castings! See you on the runway, Gigi