Тејлор Свифт фатена на дело - си го исекна носот во рака и се брише од облеката среде настап (видео)
- Детали
- четврток, 13 јуни 2024
Си го исекна носот во рака, се брише од облеката, го лиже секретот што ѝ тече од носот... Тејлор Свифт стана хит на социјалните мрежи кога бришењето на растечениот нос се обиде да го вклопи во кореографијата на нејзиниот настап. „Одвратна е“ – коментираат твитерџиите.
Тејлор Свифт премрзнала за време на концерот од нејзината турнеја во Единбург, а резултатот од настинката е одвратен.
Таа настапуваше на отворено, на температура од само 4°C, а нејзиното тело ги почувствува последиците од студеното време во минијатурните и полуголи изданија.
Очигледно е дека пејачката се надевала дека публиката нема да го забележи проблемот со којшто се соочува. Па се обидела да најде креативни начини за да се справи со секретот од носот.
На социјалните мрежи и во медиумите се споделуваат видеа на кои се гледа како буквално си го исекна носот во раката и се избриша од облеката, па се направи како ништо да не било.
На друго видео се гледа како го подлижнува секретот од растечениот нос.
Иако се обиде бришењето на носот да го вклопи во кореографијата, сепак мрсулите беа видливи на камерите и на огромните видео бимови, па Твитер е преплавен со видеа од нејзиниот неславен момент.
Сите се согласни дека ова е одвратно иако нејзините фанови сметаат дека ова е доказ дека пејачката не ги изневерува своите фанови дури и тогаш кога не се чувствува добро.
Погледнете ги видеата во продолжение, со предупредување дека не се погодни за оние што се гадливи и на кои им пречат одвратните навики:
Б. С. Б. | Црнобело