Дејвид Бекам има две нови тетоважи, од кои едната е цртеж на Харпер
- Детали
- четврток, 29 октомври 2015
Дејвид Бекам е добро познат по неговите бројни тетоважи, а најновиот додаток на неговата растечка колекција се тетоважите направени според личен дизајн на Харпер и зборови на неговите синови.
40-годишниот поранешен фудбалски ас и дозволил на неговата сопруга Викторија да објави фотографија од цртежот на Харпер кој Бекам го истетовирал на неговата десна рака заедно со описот: „Харпер е вистински мал уметник“.
А, потоа и самиот Бекам додал уште една фотографија заедно со изјавата: „На Харпер ѝ е дозволено да црта на тато“.
Оваа тетоважа не е единствениот најнов додаток на неговата колекција. Неодамна направил и тетоважа која ја дизајнирале неговите тројца синови Бруклин, 16, Ромео, 13 и Круз, 10.
Тетоважата се состои од зборовите: „Те сакаме тато“.
Не е ни чудно што се одлучил за вакви тетоважи, бидејќи веќе одамна има неколку посветени на своето семејство.