Најсреќниот ден во семејството Ѓоковиќ: Стефан наполни 1 година
- Детали
- четврток, 22 октомври 2015
Новак и Јелена Ѓоковиќ вчера го прославија првиот роденден на своето синче Стефан. Сосема очекувано, тоа била мала прослава во кругот на семејството, без преголемо внимание од јавноста.
Среќен роденден на нашето мало момче. Ние сме најсреќните родители во светот. Ви благодариме на сите за убавите желби... Стефан е мало момче, па сè уште не разбира колкава љубов добива... Но, ја чувствува и затоа расте толку добро, напиша Јелена Ѓоковиќ под фотографијата со својот сопруг.
Новак и Јелена го прославија роденденот во Монте Карло, а еден момент од денот споделија и на Инстаграм.
Стефан е бебе, тој сè уште не разбира што е роденден, па оваа прослава повеќе беше за Новак и Јелена. Нивна желба е кога Стефан ќе биде постар, да може да погледне како го прославиле роденденот и да ги види семејните слики. Тие сакаат да му покажат дека ништо материјално и светкаво не е поубаво од искрените, убави моменти во кругот на блиските, открил близок извор на семејството Ѓоковиќ.