Криси Тајген и Џон Леџенд го очекуваат своето прво дете
- Детали
- вторник, 13 октомври 2015
Супермоделот Криси Тајген на својот Инстаграм профил ја објави информацијата дека таа веќе три месеци е бремена и заедно со Џон Леџенд го очекуваат своето прво дете.
„Џон и јас сме пресреќни што ја имаме можноста да изјавиме дека очекуваме дете. Многу од вас знаат дека долго време се обидувавме да зачнеме, но не беше лесно. Сепак, продолживме да се обидуваме, бидејќи сакаме да го прошириме семејство и да имаме свое прво дете. Возбудени сме што конечно ја имаме оваа можност да основаме свое семејство“ – објави Криси.
Блиски извори на E! News откриваат дека: „Криси и Џон се пресреќни. Криси имаше потешкотии, но знаеше дека ќе дојде вистинското време кога конечно ќе можат да имаат дете“.
Изворот додава дека Криси постојано се грижи за своето здравје и здравјето на бебето, а Џон претставува голема поддршка и се грижи за тоа дали таа се чувствува добро.
Криси веќе одамна има изјавено дека сака свое семејство. „Стареам. Сакам да се забавувам. Сакам да одам на тури со Џон. Тоа го правиме веќе 10 години, па чудно е сега кога имаме свој дом. Сепак, подготвена сум за семејство и да можам Лос Анџелес да го наречам свој град“ – изјави Криси.
Тајген е доста отворена и за потешкотиите кои ги имале при зачнувањето: „Ќе кажам искрено – Џон и јас имавме проблеми. Ќе имавме дете уште пред 5 години, ако имавме таква можност, но за нас сето ова беше процес и сериозен предизвик“.