Последица од високите штикли: Ѕвезди со искривени прсти и стапала (фото)
- Детали
- петок, 02 октомври 2015
Иако се верува дека ѕвездите се совршени, сепак постојат неколку здравствени проблеми кои не можат да се решат така лесно. Пример, искривените прсти и стапала се еден од најчестите проблеми кои можеме да ги видиме во скапите брендирани сандали.
Откако вчера Амал Клуни се појави во прекрасна зелена комбинација, вниманието го привлекоа искривените стапала и коските кои излегуваа од сандалите.
Како што објаснуваат лекарите, овие коски се јавуваат како последица од преголем притисок, а со текот на времето и местото околу нив се воспалува и отекува, па во него се собира синовијална течност која само го влошува изгледот на ногата.
Тесните и високи чевли се најчестата причина заради кои се јавува оваа мртва коска и предизвикува изобличување на прстите на стапалото.
Освен Амал Клуни, има уште најмалку 9 ѕвезди кои си го жртвуваат здравјето заради прекрасните високи потпетици: