Анџелина Џоли и Бред Пит ќе посвојуваат момче од Сирија
- Детали
- среда, 23 септември 2015
Анџелина Џоли и Бред Пит изјавиле дека сакаат да го зголемат своето 8-члено семејство со уште едно сираче од Сирија.
Холивудската актерка веќе неколку пати се сретнала со тројца браќа од Сирија кои останале без своите родители – мајката загинала во бомбардирање, а таткото однесен од војници.
Парот има семејство од 6 деца од кои, три се биолошки и три посвоени.
38-годишната актерка сакала да ги посвои сите три деца, но била сопрена од Бред Пит кој сметал дека со таа брза промена ќе се промени семејната динамика.
„Енџи сакаше да ги посвои сите три, но кога се врати во Америка и му кажа на Бред, тој рече не“ – тврди изворот на DailyMail.
„Од 6 на 9 е премногу и Бред беше загрижен околу тоа како ќе влијае на децата, па компромисот беше да посвојат само едно“ – додава.
Се надеваат дека до крајот на 2015-та година ќе имаат можност да ја исполнат својата желба и да посвојат сираче од Сирија.