Канје Вест: Норт може да биде дел од шоуто на Кардашијан само ако има најголем хонорар
- Детали
- вторник, 25 август 2015
Популарниот Канје Вест изјавил дека ќе дозволи неговата ќерка да биде дел од „Keeping Up With The Kardashians“ и да учествува во реалити шоуто заедно со своето семејство, но за да се случи тоа телевизијата Е! ќе мора да исполни еден услов.
Тој не се противи на идејата и Норт Вест да биде во шоуто заедно со својата мајка Ким Кардашијан, само ако неговата ќерка добива најголем хонорар од сите останати членови на семејството.
Познатиот рапер сака неговата ќерка да стане големо име во шоу бизнисот, иако порано идејата таа да учествува во ова реалити шоу воопшто не му се допаѓала.
Сега се согласува, бидејќи сфатил колкава е заинтересираноста на медиумите за неговата ќерка.