Кајли Џенер и Тајга ја официјализираа врската со нови фотки од Мексико
- Детали
- четврток, 20 август 2015
Кајли Џенер и Тајга се појавија на уште една егзотична дестинација пред да се придружат на остатокот од семејството во Сент Бартс, а овој пат решија и јавно да разменуваат бакнежи и прегратки.
Двајцата го ослободуваат авантуристичкиот дух со спуштање по јаже во Мексико, но и ја користат можноста слободно да ја изразат својата љубов, откако Кајли наполни 18 години.
Кајли e во бел кроп топ, сиви хеланки и Converse старки, а Тајга во сиви пантолони и обична шарена блуза.
Покрај нив, на малата авантуристичка забава се препуштија и Кендал и Хaјли Болдвин.
И додека Кајли се труди да излезе од сенката на своите постари сестри, оваа сцена потсетува на забавата која Ким Кардашијан и Канје Вест ја имале пред речиси 1 година.