Кајли Џенер супер секси во монокини од Крис Џенер од 80-тите (фото)
- Детали
- петок, 14 август 2015
Крис Џенер го носела костимот за капење кој го Кајли Џенер го носи во Мексико многу порано од неа, поточно кажано уште пред да се роди.
Најмладата ѕвезда на реалното шоу „Keeping Up With The Kardashians“ ужива на белите песочни плажи на Мексико во стилот на 80-тите со костимот за капење на мајка и.
59-годишната Крис која го носела костимот за капење во Акапулко 26 години претходно не одолеала да се пофали на Инстаграм со и изјава на една од фотографиите на Кајли:
„Значи таму е мојот винтиџ костим за капење „Body Glove“... Кајли казнета си! Чекај, не можам тоа повеќе да го правам, сега имаш 18 години“.
Како што се чини, овој костим за капење е прилично популарен меѓу семејството Џенер, а и пошироко, со оглед на тоа што и нејзината пријателка го носи истиот костим за капење неколку дена претходно.
Како и стои на Кајли?