9 најскапи подароци кои Ким Кардашијан ги има добиено од Канје Вест
- Детали
- четврток, 13 август 2015
Ким Кардашијан постојано има можност да објави по неколку фотографии од прескапите подароци кои ги добива од нејзиниот сопруг Канје Вест, а нејзините фанови да се воодушевуваат на начинот на кој Канје успева да ја искаже неговата љубов.
Ова се дел од најскапите и најекстравагантните подароци кои Ким досега ги има добиено од Канје:
1. Септември 2012 – Бело персиско маче (приближно 800 долари)
2. Јануари 2013 – Труднички подарок од неколку Cartier нараквици (98.000 долари)
3. Октомври 2013 – Домашен спа центар како роденденски подарок (10.000 долари)
4. Октомври 2013 – веренички прстен со 15-каратен дијамант (приближно 3 милиони долари)
5. Декември 2013 – Биркин чанта со слика од Џорџ Кондо како божиќен подарок (40.000 долари)
6. Февруари 2014 – 1000 црвени рози за Св. Валентин (3.750 долари)
7. Мај 2014 – Ѕид од бели рози и божури за Денот на мајките (136.000 долари)
8. Октомври 2014 – Патување на Хаваи и Биркин чанта нацртана од Норт (3.759 и 100.000 долари)
9. Мај 2015 – Илјадници рози, квартет кој пее песни од Сем Смит и келнери кои рецитираат „Ова е од Господин Вест за најдобрата мајка на светот“ за Денот на мајките (7.500 долари за розите и 1000 долари од час за квартетот)