Налудничави и болни работи кои актерите самоволно ги направиле за да влезат во ликот
- Детали
- четврток, 06 август 2015
Си мислите дека животот на актерите е да прошетаат по црвениот тепих да прочитаат три реда текст кој некој друг го напишал и едноставно да бидат славни? Епа не е така, погледнете какви сè жртвувањa дале за својата професија.
Изолација
Хит Леџер очигледно одлучил да го надмине Кристијан Бел како Бетмен во продолжението „The Dark Knight“ во улогата на Џокер.
Со цел да се подготви за вознемирувачкиот лик на Џокер, Леџер се заклучил во својата хотелска соба шест недели пред снимањето без никаков допир со надворешниот свет.
Изолацијата се исплатела, бидејќи тој својот дел си го одигра беспрекорно, а тоа беше наградено и со Оскар за споредна улога. За жал таквата изолација, го уништила психички, па улогата се покажа кобна по животот на Леџер.
Изгубил сè
Адриен Броди бил толку посветен на ликот на Владислав Шпилман во Пијанист што свесно дозволил карактерот да влијае на неговиот приватен живот.
Се работи за карактер кој изгубил сè за време на холокаустот. Па Адриен да се подготви за ликот: ја продал колата, станот се откажал од луксузниот живот и раскинал со неговата долгогодишна девојка.
Целата таа жртва му донесе многу награди, но не му ја врати и девојката.
Разнесувал патници низ Њујорк
Роберт Де Ниро е познат по екстремните работи кога станува збор за подготовка за улога.
Покрај менталните подготовки, тој за да влезе во улогата на Такси возач во филмот „Taxi Driver“, земал лиценца за таксист и превезувал патници во Њујорк. Тоа го правел со недели по 12 часа. Исто така посетувал и часови на кои ги проучувал менталните заболувања.
Не се бањала еден месец
Кога ќе ви кажеме Хали Бери си замислувате секс симбол, а не небањата зависничка и бездомник, нели? Токму тоа го правела Бери за да ја долови улогата на Вивијан - не се бањала цел месец.
Екстремна диета и многу балет
Уште еден ектремен случај – Натали Портман. За да влезе во ликот на проблематичната балерина Нина и за да ги долови црниот и белиот Лебед таа учела година и половина тешки техники на балетот.
Една проба и траела минимум 5 часа. Одела и на тренинзи по пливање и трчање. Покрај тоа дневно слабеела симнувајќи 1200 калории.
Сите овие жртви и донесоа Оскар.
Секоја улога на Николас Кејџ
Кралот на екстремните подвизи – Кејџ. За да влезе во својот лик во филмот „Birdy“ тој си извадил два заба без анестезии со цел да ја почувствува болката на ликот во филмот.
За време на снимањето на филмот „Leaving Las Vegas “ секоја вечер се опијанувал и се снимал, за да може да ги прегледа снимките и да ги преземе точните чекори на пијанството.
Би можело да ве интересира:





