Како изгледа стомакот на Хајди Клум по четири родени деца?
- Детали
- петок, 24 јули 2015
Згодната манекенка Хајди Клум повеќе од две децении е на врвот на светската мода и ако ги погледнете нејзините фотографии на плажа не би верувале дека таа има 42 години, но ќе знаете зошто сè уште останува на врвот.
Таа е позната по своите долги нозе и совршена витка става која овој пат ја покажа на плажа додека уживаше со својот нов дечко Вито Шнабел во Сен Тропе.
На плажа Хајди Клум ужива во сончевите зраци и морската вода со син костим за капење и можете да ги забележите нејзините неверојатно затегнати стомачни мускули и одлична фигура.
Она што е очигледно е дека и на своите 42 години Хајди е во одлична форма, посебно ако земете во предвид дека има родено дури 4 деца.
Од неодамна таа ја претстави новата модна колекција на својот бренд и самата се појави пред фотоапаратот.