Не и е потребен костим за капење: Линдзи Лохан ужива во морето со чипкана долна облека
- Детали
- среда, 22 јули 2015
Линдзи Лохан уште еднаш докажа дека може и постојано ги крши правилата без разлика на тоа што прави во својот живот, дури и на своето летување.
Овој пат таа е фотографирана како ужива и се разладува во Егејското море на еден од најпопуларните острови во Грција, облечена во својата долна облека.
29-годишната црвенокоса актерка моментално е на летен одмор во Миконос и додека влегува во солената вода, на себе носи чипкана долна облека со прилично длабоко деколте и соодветни гаќички.
И додека можеме слободно да кажеме дека дводелната долна облека не е традиционален костим за капење, нејзе воопшто не и пречи да го проба и како таков.
Веројатно едвај чекала да ја испроба ладната морска вода во која уживаат голем број на славни личности и немала време да се пресоблече во својот костим за капење.