Мали, слатки и необични тетоважи на славните дами
10. Кели Озборн
Озборн го има истетовирано зборот „Приказни...“ на својата глава. За оваа тетоважа таа објаснува дека им посебно значење, но и дека нејзината мајка не била многу воодушевена.
11. Мајли Сајрус
Таа има голем број на тетоважи, но најнеобична од нив е онаа која се наоѓа на внатрешната страна на нејзината долна усна. Тука има истетовирано глава од мачка која плаче во чест на турнејата „Bangerz“.
12. Лили Колинс
Лили Колинс има неколку тетоважи, а дел од нив е и тетоважата со која на себе има напишано „Love always and forever“.
13. Бар Рафаели
Таа има речиси незабележлива тетоважа од безбојна пеперутка на зглобот од левата рака.
14. Линдзи Лохан
Лохан има повеќе тетоважи, а една од нив е „Shhh…“ на прстот. Оваа тетоважа ја има направено заедно со пејачката Лили Ален.
15. Шарлиз Терон
Таа има мал цвет на својата нога, а со мајка и има направено и идентична тетоважа од риба.
16. Џесика Бил
Џесика е доказ дека тетоважите на долниот дел од телото не мора да бидат невкусни, посебно оние кои се наоѓаат на долниот дел од стомакот. Таа тука има истетовирано мал гулаб.
17. Кристен Стјуарт
На својата дланка го има истетовирано знакот за бесконечност.
18. Џенифер Анистон
Таа го има истетовирано името Норман во чест на нејзиниот миленик кој починал.
19. Ариана Гранде
Таа има три нежни тетоважи, а дел од нив е и малото срце кое се наоѓа на нејзиното стапало.