Адриана Лима бремена по третпат!?
- Детали
- петок, 10 јули 2015
Згодната манекенка моментално ужива на плажите во Мајами, а овој пат покрај својот сексапилен изглед покажа и малку поинакви облини. Бремена по трет пат или малку се здебелила?
Дали на пат е и третото дете за ангелот на Victoria’s secret или можеби станува збор за летно релаксирање? Сега нема толку обврски околу брендот специјализиран за долна облека и костими за капење, па можеби се одлучила малку да се препушти на уживањата?
Во секој случај, на фотографиите во кои се гледа како ужива со своите ќерки Валентина и Сиена јасно се забележува нејзиното заоблено стомаче, па останува прашањето дали бившата сопруга на Марко Јариќ е бремена по трет пат, само неколку месеци откако се разведе.