Луис Хамилтон со емотивна роденденска порака за Никол Шерцингер
- Детали
- понеделник, 29 јуни 2015
Во меѓувреме, додека Никол Шерцингер се забавуваше и го славеше својот 37-ми роденден на Миконос со нејзините најблиски пријателки, нејзиното бившо момче Луис Хамилтон очигледно не можел да ја заборави и за нејзиниот ден.
На својот Инстраграм профил објавил слика од нив како пар додека се уште биле заедно и напишал:
„Драга пријателке,
Низ годините минавме низ многу работи и споделувавме многу нешта и не би променил ништо. Сите искуства ме направија да бидам човекот кој сум сега и да бидам горд на себеси. Сеќавањата кои ги имам нема да бидат заменети со ништо без разлика на тоа колку и да сме стари. Благодарен сум за времето кое го поминавме заедно.
Ти посакувам најсреќен роденден и Господ нека продолжи да те благословува во се што правиш понатаму “.