Бијонсе и Џеј Зи чекаат второ дете од сурогат мајка?
- Детали
- петок, 26 јуни 2015
Додека Бијонсе и Џеј Зи секојдневно споделуваат фотки од Блу Ајви, по пишувањето на магазинот In Touch, сурогат мајка ќе има за задача да го донесе на свет новиот член на семејството Картер.
„Бијонсе и Џеј моментално се обидуваат да добијат дете преку сурогат мајка. Бијонсе неколку пати се обиде да забремени, но имаше доста проблеми. Се исплаши од ризичната бременост и тогаш сфати дека сурогат мајката е најдобра опција,“ вели добро информиран извор за магазинот.
Со оглед на тоа што Бијонсе за прв пат откри дека имала спонтан абортус пред Блу Ајви, овие гласини се прилично издржани.
„Не сакаа да се коцкаат со такви работи и откако документите беа собрани, им требаа околу 2 месеци да ја пронајдат совршената жена која ќе го носи нивното дете,“ вели изворот и додава дека ова е последен обид на најмоќниот пар да го сочува бракот од развод.
„Џеј успеа да ја убеди својата сопруга дека второто дете ќе ги зближи и ќе го реши проблемот со отуѓеност.“