„Љубовта“ нема граници: Ричард Гир на плажа со 33 години помлада девојка
- Детали
- вторник, 23 јуни 2015
Ѕвездата Ричард Гир забележан е како јавно ја изјавува неговата љубов кон неговата нова девојка Алехандра Силва во Сицилија.
Ричард Гир повеќе пати е забележан со неговата нова девојка, шпанската старлета која е помала од него повеќе од 30-тина години, а овојпат тие уживаат на песочните плажи на Сицилија.
Гласините се дека Американскиот актер веќе една година се гледа со Алехандра.
Забележани се како уживаат на сонцето, што само ги подгреа гласините. Таа ја покажува својата витка фигура во бел бикини костим за капење, а тој во сини шорцеви.
Малку е познато за 32-годишната русокоса освен што често е меѓу Шпанската аристократија. Таа е бивша жена на Говинд Фридланд, синот на американскиот рударски магнат, Роберт Фридланд. Заедно имаат млад син кој се вика Алберт.
Блиска пријателка на Алехандра изјавила за Шпанскиот ABC дека „Тие се заедно повеќе од една година, но нивната врска ја држат се уште во тајност“.
„Алехандра живее на две места, Менхетен и Мадрид, а Ричард бил повеќе пати во посета тука“ - додала.
Гир е во процес на финализирање на неговиот развод со втората жена, моделот Кери Ловел.
Парот е во расправија околу тоа колкав дел од неговите 100 милиони долари треба да и припаднат на поранешната „Закон и ред“ старлета. Тие се разделија во 2013 година по 12 години брак.
Во меѓувреме, тој ужива со 33 години помлада русокоса: