Дел од атмосферата во Белград: Спектакл на дожд со Роби Вилијамс
- Детали
- четврток, 18 јуни 2015
Роби Вилијамс вчера го одржа својот прв концерт во Белград пред 30.000 луѓе кои верно го чекаа пред бината на шопинг центарот Ушче.
Доцнел цели 40 минути и дополнително на тоа времето било врнежливо, но тоа не ја спречило публиката да ужива во неговиот настап.
Чекајќи го неговото пристигнување публиката уживала во настапите на Бојана Стаменов, 2Cellos и финалистите на музичкиот натпревар X-фактор.
Веднаш по пристигнувањето на сцената, настапот го започнал со песната „Let me entertain you“, а по неа следела песната „Rock DJ“.
По овие две песни ја поздравил публиката, но се шпекулира дека се обратил на погрешен град и извикал: „Добра вечер, Загреб!“.
Преслушајте го видеото и проценете сами:
За среќа публиката била доволно гласна и возбудена па поздравот на почеток не го забележала. Негативните коментари и критиките следеле потоа на социјалните мрежи.
По грешното поздравување се претставил: „Да ви се претставам, јас сум Роби Вилијамс и во наредните два часа вашите задници се мои“. Секако со неговото типично бунтовничко однесување.
По извесен период побарал силно да викнат оние кои се под 30 години и изјавил:
„За младите: Јас сум Роби Вилијамс. Во 90-тите бев голема ѕвезда и член на бендот Take That. Потоа го напуштив бендот, отидов на рехабилитација. Се здебелив, па повторно ослабев. А сега сум таму каде што сум.“ - продолжил нешто подоцна.
Публиката воодушевено скокала и пеела заедно со него.
Видно воодушевен, клекнал на колена и се поклонил на публиката и изјавил: „Србија, Србија ти си најдобра во следењето на тапаните“.
По тоа следела песната „Minnie the Moocher“ и за воодушевување на целата публика, се симнал од сцената за да направи селфи со неа.
Уживајте во сликите од неговиот настап:
Погледнете само мал дел од спектаклот: