Мајката на Бијонсе е совршена и на 61 година (фото)
- Детали
- среда, 17 јуни 2015
Тина Ноулс, мајката на Бијонсе, ја краси насловната страна на јунското издание на магазинот Ebony, позирајќи во огнено црвен фустан и златна круна на главата.
Другата горда ќерка на Тина, Соланж, на социјалните мрежи ја сподели насловната заедно со изјавата кога нејзината мајка дознала дека е одбрана за јунското издание.
„Моето прво прашање беше: Јас? Навистина? На почеток имав некои кочници, но тогаш се сетив на сите жени кои секојдневно ми велат дека сум ги инспирирала да живеат со полни гради, а тоа ја вклучува и сексуалноста. Горда сум што имам 61 година и што мојот начин на живот не ме ограничува. Сите можеме да бидеме секси, полни со живот, шик, елегантни и беспрекорни до судниот ден,“ изјави Тина за Ebony.
Ова се првите објавени фотки: