Првпат на црвен тепих: Фотки од првите појавувања на славните
- Детали
- понеделник, 01 јуни 2015
Денес се најбројни фотографиите од модата на црвениот тепих, на сите поголеми музички и филмски фестивали или други свечени манифестации и промоции. Тука може да се видат најубавите тоалети и да се откријат новите модни трендови. Но, некогаш не се обрнувало толкаво внимание на тоа.
Денешните светски ѕвезди, некогаш биле сосема обични и едноставни. Овие фотографии ги покажуваат нивните први чекори на црвениот тепих:
Ема Стоун
Кратката коса денес е нејзин заштитен знак, но пред да стане ѕвезда на холивудските блокбастери, Ема Стоун имала целосно поинаква фризура. Тогаш била уште тинејџерка и не ѝ пречело на црвениот тепих да се појави во фармерки и влечки.
Ема Вотсон
Во првата година од прикажувањето на „Хари Потер“, Ема Вотсон освои многу признанија за својата актерска и хуманитарна работа, а ниту нејзиниот моден стил не помина незабележително. Денес нејзиното име е неодминливо на листите за најдобро облечени славни личности.
Рис Витерспун
Нејзиниот стил е значително променет од времето кога била почетник на црвениот тепих. Во 1996 година била бунтовничка, па на премиерата на филмот „Народот против Лари Флинт“ се појави облечена во црно од глава до пети, без посебна шминка и фризура.
Ријана
Денес може да се појави како сака и секогаш ќе биде во центарот на вниманието. Таа обожава да ги крши модните правила и да прави ризични експерименти. Но, на самиот почеток изгледа како сосем обична девојка која може да ја сретнете на улица.