Природни убавици: Славни дами кои немаат пластични операции

Иако поради јавната работа со која се занимаваат се очекува дека е сосема нормално да имаат направено некоја пластична операција за да го одржат изгледот.

prirodni-ubavici-slavni-dami-koi-nemaat-plasti-ni-operacii-01

Но, некои од нив успеале да останат доследни  на своите ставови и да ги задржат своите тела во природна состојба без употреба на естетска хирургија.

1. Жизел Бундшен

Таа е најплатениот модел во светот, еден од првите ангели на Victoria’s Secret. Иако на почетокот мислела дека никогаш нема да успее во модата поради големиот нос, сепак не помислила да направи пластична операција за да го промени.

prirodni-ubavici-slavni-dami-koi-nemaat-plasti-ni-operacii-1.jpg


2. Барбара Стрејсенд

Таа е американска глумица и пејачка која денес има 72 години и во текот на својот живот освоила бројни награди. Во едно интервју открила дека дури и нејзината мајка ѝ зборувала дека не е доволно убава за да стане филмска ѕвезда. Но, очигледно не била во право. Нејзиниот нос стана заштитен знак покрај совршениот глас. Барбара никогаш и не посакала да се промени себе иако не си го сакала носот на почетокот.

prirodni-ubavici-slavni-dami-koi-nemaat-plasti-ni-operacii-2.jpg


3. Сара Џесика Паркер

Ѕвездата од серијата „Сексот и градот“ никогаш не подлегнала на пластична операција на кој било дел од нејзиното лице и тело, колку и да добивала лоши коментари. Успеала да остане доследна на себе и на своите уверувања и да ја одигра една од најшармантните улоги во кои секоја девојка може да се пронајде.

prirodni-ubavici-slavni-dami-koi-nemaat-plasti-ni-operacii-3.jpg


4. Меј Џегер

Таа е ќерка на славниот рокер Мик Џегер, но и една од најбараните манекенки. Вечно ќе ѝ биде благодарна на нејзината мајка што не ѝ дозволила да стави протеза на забите за да ѝ се спојат, па сега колку што е критикувана за тоа, толку е и барана бидејќи е единстрвена.

prirodni-ubavici-slavni-dami-koi-nemaat-plasti-ni-operacii-4.jpg


5. Кејли Рипа

Таа изјавила дека никогаш не би направила пластична операција за зголемување на градите. Пред сè затоа што се плаши од болката, но и поради тоа што смета дека некој мора да носи и мал број на градник, бидејќи тие не се произведени за џабе.

prirodni-ubavici-slavni-dami-koi-nemaat-plasti-ni-operacii-5.jpg


6. Ема Томпсон

Актерките Ема Томпсон, Кејт Винслент и Рејчел Вајс направија и здружение за борба против пластичните операции. Тоа што многу жени се борат со тоа на 60 години да изгледаат како на 30 за неа претставува ужасна причина за да подлегне на пластична операција.

prirodni-ubavici-slavni-dami-koi-nemaat-plasti-ni-operacii-6.jpg


7. Ана Паквин

Таа смета дека секоја жена е незадоволна од некој дел од своето тело, а како јавна личност и глумица изложени сте на секакви коментари. Но, Ана смета дека не треба да се очекува совршен изглед од никого и дека и за оние со облини има соодветни улоги како глумици, дури и многу повеќе отколку за совршено слабите.

prirodni-ubavici-slavni-dami-koi-nemaat-plasti-ni-operacii-7.jpg


8. Селма Хајак

Мексиканската глумица смета дека пластичните операции се еден вид униформа во која сите изгледаат исто и тоа не е убаво. Исто така, изјавила дека никогаш не подлегнала на пластична операција бидејќи помислата ан игли за ботокс, на пример, ѝ предизвикува страв. Наместо тоа ги преферира кремите за нега и затегнување на кожата.

prirodni-ubavici-slavni-dami-koi-nemaat-plasti-ni-operacii-8.jpg

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg