Carrie и Mr.Big посвојуваат дете
- Детали
- вторник, 03 ноември 2009
Carrie Bradshaw го заменила Њујорк за нова локација која може да биде различна од градот во кој е заљубена. Напуштајќи го Менхетен на неколку седмици...
...американската актерка Sarah Jessica Parker и Cynthia Nixon се видени на снимањето на делови од популарната серија “Сексот и градот” во центарот на Маракеш во Мароко.
Внимавајќи на стилот на облекување во оваа муслиманска држава, Carrie ја заменила својата кратка сукња за подолга, а болерото и ги покривало рамената, пренесува Daily Mail. Сепак, не се откажала од своите сакани високи потпетици.
Нејзината пријателка од серијата, Miranda облекла бела комбинација и ставила шешир, додека шетала низ главниот плоштад на Маракеш.
Продуцентите на серијата за четирите модерни дами кои влетуваат во разни неприлики со мажите, не сакале да откријат точно снимаат во Мароко Parker и Nixon.
Се шпекулира дека Carrie и нејзиниот нов сопруг John Preston (Mr.Big) патуваат во оваа африканска земја со цел да посвојат дете.
Дизајнерката на костимите за серијата “Сексот и градот”, Patricia Field кратко изјавила: “Ќе снимаме таму околу шест недели. Веројатно ќе видите стомачни игри и бедуини”.
Освен во Маракеш, екипата на серијата ќе ги посети Ерфоуд и Рабат, а снимањето на вториот дел од серијата започна во Њујорк пред два месеци.