Џастин Бибер видно ослабен и загрижен, Хејли заштитнички настроена – Скромно ја прославија 5-тата годишнина (фото)
- Детали
- среда, 02 октомври 2024
На папарацо фотките од скромната прослава за 5-тата годишнина од свадбата на Џастин и Хејли Бибер, пејачот е видно ослабен, а со сопругата и двајцата изгледаат загрижено додека излегуваат од ресторан.
На 30-ти септември, Џастин и Хејли Бибер ја прославија петтата годишнина од нивната свадба, но денот го одбележаа скромно.
А, поради папарацо фотките од парот, фановите се уште позагрижени за состојбата на 30-годишниот Џастин.
По апсењето на Пи Диди, се појавија гласини дека и Џастин бил негова жртва и дека до денес ги чувствува последиците, особено периодов, кога многу детали излегуваат на виделина.
Џастин и Хејли ја прославија годишнината во ресторан во Лос Анџелес.
Со нив не беше синчето Џек кое го добија во август годинава.
Додека излегуваа од ресторанот, Хејли изгледа заштитнички настроенa додека оди пред Џастин. Околу парот имаше и обезбедување.
За пригодата, 27-годишниот модел беше во лежерно издание со широк џемпер, фармерки и чанта со леопардски принт.
И Џастин беше во лежерен аутфит, со црна кожена јакна, очила за сонце и бејзбол капче.
На фотките, пејачот е видно ослабен.
И двајцата изгледаат загрижено, а во еден миг Хејли и си го крие лицето од папараците.
Џастин и Хејли се венчаа во 2018 година, а направија свадба на 30-ти септември 2019 година.
Но, Џастин не сподели ништо на социјалните мрежи ни за годишнината од венчавката, ни за годишнината од свадбата.
Хејли, пак, сподели неколку фотки на Инстаграм Стори, со едната оддавајќи му почит на починатиот дизајнер што ѝ ја направи венчаницата.
И покрај загриженоста на фановите, засега Џастин се нема огласено во врска со неговиот однос со Пи Диди.
Според извори блиски до пејачот, тој пробува да ги избегне сите гласини поврзани со раперот и само сака да се фокусира на неговиот син.
Сепак, други извори велат дека пејачот се чувствува осамено бидејќи нема со кого да зборува.
„Џастин смета дека нема со кого да зборува бидејќи никој не го разбира.
Но, искрено, ни тој самиот не разбира (што му се случувало) бидејќи тогаш беше само дете.
Моментално тој е под стрес. Има синче и пробува да биде добар татко… Сепак, се чувствува осамено.
Сето ова со Диди не можеше да се случи во полош момент, додека Џастин пробува да биде добар татко“.
Прочитајте повеќе: „Снимал детска порнографија со него, па ја продавал“ – Зошто твитерџиите тврдат дека и Џастин Бибер бил жртва на Пи Диди?
Спирова С. | Црнобело