Како изгледа девојчето од спотовите на Сиа во приватен живот?
- Детали
- понеделник, 11 мај 2015
Меди Зиглер е 12-годишно девојче од Пенсилванија, кое веќе не може да биде само обична тинејџерка која ќе излегува и ќе се забавува со своите врсници, бидејќи е планетарно популарна танчарка.
Денес има над 3 милиони фанови на Инстаграм, а целиот свет ја забележа уште првпат кога се појави во спотот на австралиската пејачка Сиа, за песната „Chandelier“.
Претходно се има појавено и во едно реално шоу за танц, уште кога имала 8 години, каде и била забележана од Сиа.
По првиот спот, Меди се појавува уште во два спота на Сиа, „Elastic Heart“ и „Big Girls Cry“.
Спотот на „Chandelier“ e 17-ти најгледан спот на сите времиња со повеќе од 712 милиони прегледи.
Меди настапи и на овогодинешните Греми награди, а има гостувано и во шоута на Џими Кимел и Елен.
Денес е толку многу успешна што нејзината мајка има најмено 24-часовна заштита за неа. Сепак таа веќе има и личен проблем со статусот на популарноста, бидејќи луѓето ја препознаваат и ѝ приоѓаат каде и да се појави.
Не може да се забавува безгрижно како другите деца кои се шетаат и јадат сладолед, бидејќи ја следат и фоторепортери, но и луѓе кои сакаат нејзин автограм или фотографија.
Меди и нејзината сестра се школуваат дома со приватни часови, а таа внимателно учи бидејќи вели дека не сака да биде „глупава танчарка“.
Сака да се занимава и со глума и пеење, а веќе се има појавено во некои епизоди на сериите „Drop dead diva“ и „Austun & Ally“.
И покрај сите успеси, таа не смета дека го достигнала врвот и дека секогаш има простор за напредок.
Еве како изгледа во спотовите и во приватниот живот:
Погледнете ги спотовите во кои се појавува:
„Chandelier“
„Elastic Heart“
„Big Girls Cry“