Откачена русокоса го бакна и запроси принцот Хари во Сиднеј (фото)
- Детали
- четврток, 07 мај 2015
За време на посетата на принцот Хари во Австралија, една откачена русокоса 21-годишна девојка, Викторија, реши дека сака да се омажи за британскиот принц.
Облечена во кратко светкаво фустанче со дезен во стил на австралиското знаме и круна на главата, застаната со парола: „Омажи се за мене! Последна шанса“, храбро успеа да стигне до него.
Според неговите реакции се забележува дека навистина успеала да му го привлече вниманието. Тој дури се поцрвенува и застанува да ја поздрави.
Се приближува и за да го бакне во образот, но таа ја користи ситуацијата и успева да му ги бакне и усните.
Зацрвенет и видно изненаден, принцот Хари сигурно нема да ја заборави оваа девојка иако пред новинарите не сакаше да одговори на нејзиното барање, но кажа дека не сака да си замине од Австралија.
Ова е храбра и откачена девојка која знае како да стигне до тоа што го сака: