Џастин Тимберлејк се трансформираше во лимета во најновата рекламa (видео)
- Детали
- вторник, 05 мај 2015
Тимберлејк има снимено многу откачени видеа и спотови, но веројатно никогаш не сте помислиле дека може да игра улога на лимета. Токму тоа се случува во најновата реклама за текила.
Новопечениот татко за оваа реклама добива зелена глава и глуми улога на лимета која сеуште се држи до својата одамна измината слава. Одеднаш е целосно непотребен дури и за добро познатата комбинација на текила со лимон.
Во второто видео за компанијата која ја произведува текилата Sauza 901, Тимберлејк објаснува зошто воопшто не и се потребни лимоните на новата текила и тоа, додека игра голф и билјард со нив.
Ова е првата реклама во која се појавува во изминатите бурни недели по раѓањето на неговиот син.